Како го подобрив здравјето на Новак



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Новак Ѓоковиќ ја промени својата исхрана благодарение на советите на доктор Игор Четојевиќ!Со друг избор на намирници, следат и правила за тоа како треба да се јаде.
Што да јадеме? Која храна да ја избегнуваме и како да го сочуваме нашето здравје? Ова се прашања на кои бараме одговори секој ден, а особено од почетокот на епидемијата на коронавирус, и често бараме смерници од познати идоли. Новак Ѓоковиќ е еден од нив и луѓето му веруваат, бидејќи се бореше со големи здравствени проблеми и го достигна врвот на светскиот спорт.
Пресвртот на тој пат е поврзан со српскиот лекар кој живее на Кипар, д-р Игор Четојевиќ, нутриционист и специјалист за велнес. Денес, тој е цитиран во бројни текстови, вклучувајќи ја и книгата на Новак Ѓоковиќ, Сервис за победа. Познат е како човекот кој му помогна на на најдобриот светски тенисер да ги надмине ограничувањата предизвикани од целијакијата.

Благодарение на тоа, идеите на д-р Четојевиќ стигнаа до милиони луѓе, а Новак стана вистински промотор на здрава исхрана. Се започна во 2010 година кога тој го гледаше Ѓоковиќ на телевизија како се мачи на натпреварот со Жо Вилфред Цонга и заклучи дека српскиот тенисер нема астма, како што се веруваше, туку дека страда од проблеми со исхраната. Останатото е историја.
Денес, Новак не јаде шеќер, но има различни правила кога сака нешто слатко, а неговата исхрана се базира на храна од растително потекло. Исто така, не јаде храна што содржи глутен. Сепак, д-р Четојевиќ вели дека приказната за глутенот е само врвот на ледениот брег. Тоа е само јадица за вас новинарите, рече тој во интервју за Сајпрус мејл. Зад тоа се крие цел друг свет.
Така, Ѓоковиќ во својата книга наведува дека, пред секој оброк, накратко ја благословува храната што ќе се јаде. Идејата е да се биде свесен за таа храна, да се биде благодарен за неа. Д-р Четојевиќ оди подалеку од тоа. Мојата вежба е да се благословувам секое утро кога ќе се разбудам, вели тој.

Тој ги склопува рацете, ги бакна прстите и со нив ги допира градите, колковите и нозете. Добро утро, како сте? Што можам да направам за ва, прашувам. Тоа е мала инвестиција на време, само неколку секунди. Секое утро. Само за да бидеме свесни дека го имаме тоа што Бог ни го даде. Ги имам тие подароци, јас сум свесен за нив и ги сакам, вели експерт за енергетска медицина.
Потоа следи туширање со ладна и топла вода за да се активира автономниот нервен систем. Две минути со ладна и две минути со топла вода. Ова е најдобрата инвестиција за здравјето во која можете да инвестирате. Појадокот е секогаш смути направен од овошје и зеленчук, а се додаваат малку спирулина и кондроитин за зглобовите. Има и цимет и куркума.
Секогаш земам рибино масло после тоа. Добри масни киселини, омега 3, вели д-р Четојевиќ. Тоа што го научи и Новак е дека тој никогаш не јаде механички, како и дека не зборува и не го проверува телефонот додека јаде. Телефонот не смее ниту да биде на маса, вели тој.

Навигација на напис