Каде ќе не однесе нестратешката борба со Ковид-19 ?



ИЗВОР: АЛФА

Смртноста од Ковид 19 аларматна. 86 смртни случаи за само три дена. Секојдневните илјадници новозаразени ги преплавуваат и болниците, со тоа се реорганизираат уште поголем број на Клиники и одделенија во болниците ширум државата кои се пренаменуваат во ковид центри. Тука се поставува прашањето кој и каде ќе се лечат “не-ковид” пацинетите ? Ќе има ли спас за останатите болни во државата? Дали македонскиот здравствен систем е на чекор до целосен колапс? Д-р Анѓелчо Ѓорчев, интернист и пулмо-алерголог за Алфа алармира дека негативната селекција на кадри во комисијата и оние кои носат одлуки ќе не чини многу.

  • Тоа значи дека тимот не е добар, најстручните луѓе не се на чело. Во Комисијата за заразни болести се погрешни луѓе, има негативна селекција на квалитет. Каде има пулмолози во таа Комисија? Или што работи тоа македонско респираторно здружение каде што ги донесовме на времето, јас како национален координатор, сите најважни смерници и алгоритми за лекување на сите белодробни заболувања. Како резултат на тие смерници тогаш ние немаме смртен случај од астма од 1984 година. Во ваква ситуација кога имате негативни резултати од борбата со корона вирусот првиот човек во здравството треба да ги бара причините. Биле виновни матичните доктори, па ви се молам да навредите цела една фела e нон-сенс, вели проф.д-р Анѓелко Ѓорчев – интернист , пулмоалерголог.

Болничките кревети не се трошат рационално алармира и д-р Ленче Нелоска – експерт по јавно здравје.

  • Многу разлика има од еден до друг болнички кревет. Европа зборува за број на болнички кревети на интезивна нега. Ние цело време зборуваме се отвораат на кожно, не нефрологија, на нервно. Колку од тие кревети се кревети за интензивна нега? Колку од тие луѓе што работат таму се обучеи да работат таму? кажува д-р Ленче Нелоска – експерт по јавно здравје.

Недостигот и честите ротации на медицинскиот кадар дополнително ја отежнува состојбата секојдневно се жалат лекарите, но и пацинетите.Последни беа хирурзите од ГОБ „8-Септември“ откако од  ракводство на болницата им била издадена наредба по двајца лекари од секое хирушко одделение да се приклучи кон лекувањето на болните од Ковид-19. Хирурзите стравуваат од грешки за да ги лекуват болните од корона.

Ања Василева