Иран е одговорен за нападите во Ирак



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Соединетите држави предупредија дека ќе го сметаат Иран одговорен за нападите во Ирак, објави Стејт департментот. „Ние ќе го сметаме Иран одговорен за постапките на неговите соработници кои ги напаѓаат Американците“ во Ирак, рече портпаролот Нед Прајс, додавајќи дека американските власти ќе избегнат поттикнување „тензии што ќе бидат од корист за Иран“.

Неговата изјава доаѓа неколку часа по ракетниот напад во Багдад. Најмалку три ракети биле истрелани кон американската амбасада во Багдад, соопштија вчера извори блиски до ирачките безбедносни сили. Една ракета паднала во близина на амбасадата, која се наоѓа во таканаречената „Зелена зона“ во Багдад, каде што се наоѓаат дипломатските мисии и зградите на ирачките власти. Другите две ракети паднаа околу таа зона, додаваат истите извори.

Припадници на ирачките сили за борба против тероризмот пред американската амбасада во главниот град Багдад