Инспекторите бараат од директорот на градинката воспитувачката да одговара за пуштањето турбо – фолк



ИЗВОР: АЛФА

Недозволиво е да се пушта турбо-фолк музика во градинка, воспитувачите треба да се водат според програмата на Министерството за труд и социјала која во ниту еден случај не предвидува такви активности – предупредуваат упатените по случајот во градинката во Карпош каде децата играа и пееја турбо – фолк песна.

Сите градинки треба да се придржуваат на протоколите од МТСП, сепак не знам каква програма имаат, но турбо фолк во градинка е несфаливо – вели педагогот Имирзат Сулејмани.

Откако видеото на кое се гледа како воспитувачка од градинка на 5-годишни деца им пушта турбо фолк песни, ги снима и им вика да играат и да пеат, ставовите на јавноста се поделени, децата наводно сами ја побарале таа песна. Реагираа и други родители на деца од истата градинка, и додека едни сметаат дека нема ништо лошо во тоа, други најостро ја осудија воспитувачката. Сепак, според програмата на ресорното министерство, за време на слободни активности на децата треба да им се даде избор од детски песни а не српски турбо фолк – децидна е Сулејмани.

Сепак изборот на музиката го прават воспитувачките, изборот може да биде од детски фестивал каде децата ќе избираат на која песна ќе играат – додава Сулејмани.

Во меѓувреме, директорот на градинката доби насока по вонредниот инспекциски надзор да утврди евентуална одговорност кај воспитувачката.

Веднаш по објавувањето на настанот во јавноста во врска со пуштање на несоодветна музика во детска градинка во Општина Карпош, испрати вонреден инспекциски надзор со цел утврдување на фактичката состојба на терен. По завршувањето на Инспекцискиот надзор, на одговорното лице – директор на градинката е дадена насока за утврдување на евентуална одговорност кај воспитувачката – информираа од МТСП.

Од министерството информираа дека јавните установи за згрижување и воспитување на деца работат врз основа на програма за рано учење и развој која воспитно – згрижувачкиот кадар е должен да ја спроведува, а надлежните  инспекциски служби треба да ја утврдат фактичката состојба околу спроведувањето на програмата.

Адријана Алексиеска