Зоран Заев ќе прави “Голема Северна Македонија”!? Ќе ги отвара границите



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Македонскиот премиер, Зоран Заев во интервјуто за српски Курир ја истакна ја целосната поддршка на идеата на српскиот претседател Александар Вучиќ за балкански мини-Шенген.

Заев очигледно ентузијастички ја прифаќа идејата и вели: „До 2022 година треба да се отворат границите за слободен проток на луѓе, добра, капитал. Веќе усвоивме неколку договори, меморандуми, парламентите започнаа да ги менуваат законите за да можеме да го усогласиме сето ова, а првата тенденција е да има најмалку три земји, Србија, Северна Македонија и Албанија.

На прашањето дали некој би рекол дека така се прави „Голема Албанија“, македонскиот премиер одговори: Зарем не е тоа Голема Србија? На крајот на краиштата, ние сме во средина, па можеби ова е голема Северна Македонија? Кому му е гајле за тоа, да ги отвориме границите, да оставиме луѓето да работат слободно, да идат и да доаѓаат.

Заев покажа сигурност дека членството на Скопје во НАТО на Македонија и се гарантира безбедност од војна против државата. Тој вели дека не може со сигурност да каже дали се плаши од војна, но: Тоа би било тешко во Северна Македонија, бидејќи ние сме членка на НАТО и секоја закана за нашата територија и интегритет ќе го активира членот 5 од Договорот за НАТО, кој ќе нè заштити – сите за еден, еден за сите.

Според македонскиот премиер, сите прашања на спорните граници ќе бидат решени со пристапувањето на земјите во ЕУ и затоа одлуката е секоја земја да влезе во ЕУ. Кога ќе ги достигнеме шенгенските услови, тогаш нема ограничувања.

Како гест на пријателство кон Белград, Заев истакна дека ако нешто претставува ризик за српскиот народ, тоа е ризик за сите нас.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×