Загаденоста чука на врата, граѓаните креваат раце, велат „само тешко на народот оставен сам на себе“



ИЗВОР: АЛФА

Пандемијата во комбинација со загадениот воздух, ќе бидат смртоносна комбинација за сите ако власта итно не преземе конкретни чекори, алармираат граѓаните во пресрет на новата зимска сезона. Тие се жалат дека државата ништо не правела за работите да мрднат кон подобро. Велат, тешко на народот кој е оставен сам на себе.

Од негрижа уништи се и зелените билборди, кој имаа функција да го прочистуваат воздухот. Граѓаните велат дека надележните не мрдале ни со прст да одржат нешто што е донирано, а камо ли нешто повеќе. Се жалат дека парите отишле во ветер, наместо да се чува тоа што е корисно.

  • Ова е катастрофално. Мислам дека властите мора под итно нешто да преземат нешто ако сакаме барем малку да живееме како што треба. Ако вака продолжат и ако си гледаат само за себе, мислам дека нема далеку да одиме. И пандемија и загадување, мислам дека ќе биде многу лошо, велат граѓаните.

Дека почна сезоната на загадување, покажа и апликацијата Мој Воздух која измери високи стапки на загаденост. Први на удар беа скопските општини Карпош, Аеродром, Кисела Вода, но и мерната станица во Маџари, Гази Баба.

Највисока вредност на ПМ 10 честичките мерните станици бележат во Карпош, 133 потоа во Аеродром, 118, Кисела вода 105 и Маџари 101 честичка на метар кубен.

И ако се суди според досегашните искуства на власта, по се изгледа дека и оваа година не очекува тешка борба со загаденоста, која на голема врата доаѓа во пресрет на зимата.

И наспроти реалната слика во земјава, скопскиот градоначалник упорно не убедува дека годинава ќе сме дишеле почист воздух за разлика од минатите години, без конкретно да објасни што точно ќе преземат.

  • И вие како новинар и вашиот медиум ТВ Алфа мислам дека перманентно и фокусирано ја пратите мојата работа и навистина сум изненаден од ваквите прашања. Веројатно знаете дека битката со загадувањето не е битка која што ад хок ја стартувате и ад хок ја прекинувате. Таа е перманентна и ние во текот на овие три години превземаме мерки кои што даваат број на намалени загадени денови, вели градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Во меѓу време се погласни се граѓанските организации кои се борат за чист воздух кои бараат ситемско решавање на проблемот.

Како најголеми загадувачи изминатиот период беа палењето на отворено, емисиите од индустријата, депониите со отпад, неконтролирана урбанизација, загадување од загревањето, но и сообраќајот кој наместо да се регулира, станува се поголем.

Борис Грујоски