Експерти за Алфа: Струјата најверојатно ќе поскапи за 50%



ИЗВОР: АЛФА

Струјата ќе поскапи најверојатно за 50%, но долговите што се трупаат ќе ги плаќаат граѓаните, велат енергетски експерти за Алфа. Според нив, поскапувањето би се одвивало етапно. Околу Нова Година, сметките прво би пораснале за околу 25%, а по некое време уште за толку.

Македонија е пред сериозен струјен ценовен шок. Цената на струјата галопирачки ќе расте и наредниот период, ако државата не реагира веднаш, па така за многу скоро сметките за струја може многу лесно да порасант за 50% од сегашните. 

Енергетски експерти за Алфа велат дека од Нова гоидна, сметките за струја ќе надминат поскапување од 25%. Според нив, поскапувањето би се одвивало етапно. Па така, за почеток, ако за сметка за струја сега плаќаме околу 4.000 денари, од јануари таа сметка би се зголемила за околу 1.000 денари.

  • Сметаме дека без разлика на тоа што и како ќе се ветува наредниот период, сметките за струја, односно цената ќе се качи за 50%, или може да се качи прво за 25%, па потоа и за уште толку, тоа би одело етапно за да не се осети покачувањето наеднаш, туку тоа да се одвива постепено, вели за Алфа, енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.

За ублажување на шоковите економистите предлагаат намалување на даноците, за граѓаните колку толку да не ја почуствуваат ценовната разлика, која директно удира врз џебот на народот.

Експертите велат дека Владата го преспала периодов, додека земјите од соседството активно работеле на изградба на капацитети. 

Колку за илустрација, во последните години цената на струјата се држи под нејзиното реално ниво, а трошоците за производство константно се зголемуваат како резултат на купувањето јаглен од страство кој е значително поскап од домашното производтво.

Како што веќе објавивме, „Електрани на Македонија“ купиле ново количество струја за потрошувачка за 7 дена, односно за следниот период од 6 до 12 декември, за што ќе плати високи 3,85 милиони евра. Струјата ќе се набавува од три компании. Највисоката цена е 325 евра за мегават час, останатите две се нешто над 324 евра за мегават час. Дравата ќе купи од овие добавувачи 100 мегвати електрична енергија, што е капацитет на пола блок од РЕК „Битола“.

Од Владата велат дека ја следат состојбата, и биле фокусирани на справување со енергетската криза, но без да конкретизираат кои се следните чекори. Стабилизација на цената на струјата се очекува дури кон средина на следната година, до тогаш не чека лош период и тешка зима.

Борис Грујоски

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×