Ексклузивно – Елмас конечно негативен на ковид-19!



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Елиф Елмас од следната недела одново ќе му се стави на располагање на Џенаро Гатузо. Македонецот на 3. октомври беше позитивен на ковид-19, немаше симптоми, но долго чекаше на негативен резултат.

Од таборот на Наполи попладнево конечно ги соопштија добрите вести, Елиф Елмас ја добил битката со коронавирусот, исто како и неговиот соиграч Пјотр Зелински.

Поради ковид-19, Елиф Елмас не можеше да и помогне на Македонија на дуелот со Косово во полуфиналето од баражот, но сега ќе биде во комбинација за пресметката со Грузија и историскиот меч за пласман на Европско првенство.