Еве го вистинскиот план на Ѓоковиќ



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Првиот тенисер во светот, планира повторно да го нападне трофејот во Дејвис купот со тимот на Србија.
Италијанските медиуми во четвртокот ја објавија веста дека најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја завршува сезоната.

На радост на сите фанови на Ѓоковиќ ширум светот, најдобриот тенисер на светот ќе игра на неколку турнири до крајот на годината, објави тимот за односи со медиумите на српскиот играч.
Засега, Ѓоковиќ останува со првобитниот план, турнирот во Париз го чека на 1 ноември, каде што би можел да ја заврши сезоната на првото место на АТП листата со освојување на титулата.
После тоа, тој ќе учествува во Торино, иако Италијанците овој четврток објавија сосема различни информации.

Првиот играч на планетата, исто така, има план повторно да го нападне трофејот во Дејвис купот со Србија.
Да потсетиме, Србија ќе игра во групната фаза во Инсбрук, каде ривали ќе и бидат Германија и Австрија и со две победи би можела да обезбеди пласман во полуфиналето, кое ќе се игра во Мадрид.

Навигација на напис