Двајца скопјани ограбиле 16 возила во Шуто Оризари – Фокус


Полицијата денеска привела две момчиња од Скопје, на возраст од 18 и 26 години, бидејќи извршиле 16 тешки кражби на возила. Двајцата осомничени, според полицијата, оперирале на територијата на Општина Шуто Оризари.

„Тие со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудиоопрема и други предмети“, информираа од МВР.

ИЗВОР. ФОКУС