Дали на крајот изгуби поради една виагра? Мистеријата за смртта на градоначалникот



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Дали обдукцијата на Бандиќ ја откри причината за неговата смрт?Хрватски лист пишува дека обдукцијата утврдила дека мешањето на две супстанции предизвикало срцев удар на градоначалникот на Загреб.

Смртта на градоначалникот на Загреб била предизвикана од срцев удар предизвикан од акутна аритмија, а тоа никој не се обидува да го оспори. Сепак, шпекулациите за околностите што доведоа до тоа траат со денови ,во медиумите и на социјалните мрежи во Хрватска, за да кулминираат во текстот објавен во Хрватски лист, а во тој текст според неофицијални информации, се шпекулира дека мешавина од кокаин и виагра доведе до трагедија!? Според весникот, тоа било пронајдено во крвта за време на обдукцијата!?

Додека сè уште се чека потврда или демант на ова шокантно тврдење, јавноста е опседната со низа други неодговорени прашања. Прво, сè уште е нејасно каде почина Бандиќ. Првата информација дека тој починал во неговиот стан во Бужанова, брзо била заменета со друга верзија според која тој починал во станот на својот пријател Сергије Ивановиќ во друг дел од градот, а потоа Индекс објави дека брзата помош дошла да го земе Бандиќ на адресата каде живее неговата блиска соработничка Наталија Прица, на пет минути пешачење од куќата на Ивановиќ, пишува порталот Објективно и додава:

Вистината за случајот е дополнително нејасна од изјавите на неговите најблиски соработници, кои не можеа да се согласат што сторил и како и каде починал. Во првите изјави, пријателите тврдат дека повикале брза помош, но набрзо ова паднало во вода кога се дознало дека го повикале шефот на брзата помош Жарко Рашиќ, кој потоа го испратил возилото. Ова остави дилеми прашања кои лебдат во боздух, од типот зошто не е повикана брза помош директно, со кого Бандиќ ги мина последните часови, дали на Бандиќ му беше помогнато на време и на многу други прашања кои чекаат одговор.

Во последниве денови, најчесто може да се слушне информацијата дека брзата помош за Бандиќ дошла на адресата на која во последните неколку месеци живее неговата блиска соработничка Наталија Прица. Двајцата, патем, веќе некое време се во центарот на вниманието на јавноста, што се обидува да ја дешифрира природата на нивната врска. Сомнежот дека тие се повеќе од соработници го поттикнуваат информациите дека оваа двојка во повеќе наврати е видена заедно во градот, гледајќи палта или накит.

Прица, инаку член на Градското собрание и близок соработник на Бандиќ, не се појавува во јавноста со денови, па од неа не можеше да се добие одговор на овие прашања. Зидот на тишината што беше подигнат околу целиот случај остави неодговорени прашања и постои зголемено сомневање дека одредени актери во приказната лажеле. Затоа не е изненадувачки што голем број теории за смртта на градоначалникот кружат на социјалните мрежи. Главната улога во овие приказни ја игра една млада и убава соработничка, поради што, како што се шпекулира, постариот градоначалник земал разни стимуланси, од виагра до кокаин, што на крајот му дошло до главата, пишува регионалтата трелевизија и порталот Нова.

Градоначалникот беше болен човек со низа здравствени проблеми. Лекарите го предупредија, по мозочениот удар пред 17 години, дека мора да забави, но тој само делумно го почитуваше тоа. Во меѓувреме, спорадично се појавуваа информации дека тој завршил на лекување или на некоја операција. Најсериозно беше кога тромб му се откина од ногата и заврши во белите дробови. На срцето му биле вградени и стентови, за еден се знаеше, но по неговата смрт неговите соработници говореа за три стента. Имаше операција на гласните жици, имаше операција на ногата, пишува порталот 24 часа.

Според пишувањето на овој хрватски портал, Бандиќ изгледаше лошо, го изгуби гласот, не ни трчаше повеќе, што порано му беше омилена рекреација, само пешачеше. Со години се зборуваше дека ситуацијата е многу полоша од она што јавноста го знае, но правото на пациентите за заштита на податоците е над јавниот интерес. И така, неговата вистинска здравствена состојба остана тајна. И неговата смрт е обвиткана со превез на тајност. Официјалната верзија е дека му се слошило дружејќи со пријатели откако пиел вода.

Неофицијално, брзата помош отишла на друга локација. Дури и неговите најблиски соработници даваа контрадикторни изјави во раните часови, па ова ја продлабочи тезата за криењето со кого всушност бил таа вечер. Исто така, малку е веројатно дека некогаш ќе биде објавен извештај за обдукција, кој исто така ќе покаже што имал градоначалникот во крвта за време на неговата смрт. Болницата Свети Дух во која беше пренесен е градска болница, а управителот е неговиот човек. И Брзата помош е под Градот и тие одбиваат да кажат каде отишле кобната ноќ. Така, беше подигнат зидот на тишина околу околностите на смртта. Транспарентноста секако би помогнала во спречување на разни теории: објавување на повикот и дестинација на поаѓањата на дури две амбулантни возила и извештајот за обдукцијата. Но, транспарентноста никогаш не била силна страна на луѓето на Бандиќ. Така, тоа ќе остане последната тајна на Бандиќ, пишува 24 часа.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×