Дали Красимир му помага на Мицкоски да остане во Белата палата!? (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Вчера топ тема беше објавата или списокот на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, за македонски политичари кои добиле бугарско државјанство врз принципот на докажано бугарско потекло на своите родители. Дел од споменатите имиња демантираа, дел не демантираа, но тоа не е предмет на овој текст.

На списокот се 17 имиња. Од таа бројка 16 имиња асоцираат на имиња на видни македонски политичари. Првенствено од редовите на македонската опозиција. Но само едно име и презиме не се однесува или не асоцира на македонски политичар и тоа е токму 17-то име на тој список-или името кое е последно на тој список.

Станува збор за Тало Груевски. Тоа име се оснесува или треба да асоцира на таткото на екс македонскиот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Зошто Каракачанов одлучи на тој список да го стави името кое треба да асоцира на таткото на Груевски, кога ниту човекот се бави со политика, а веќе повеќе од три години ниту Никола Груевски е на чело на партијата и владата?

Можеме да анализираме дека Каракачанов сака да покаже дека дедото бил Грк ( Никос Грујос ), таткото бил Бугарин ( Тало Груевски ) а синот бил голем или како тие го нарекуваат-антички Македонец, а тоа е Никола Груевски. Односно, да ја бетонира онаа бугарска теза како во 50 години Грците или Бугарите станаа најголеми антички Македонци. Ние ова ќе го анализираме во емисијата Во Центар која ќе се емитува во недела во 22 часот на yoytube каналот Vasko Eftov, но мислам дека тоа не е суштината на писанието на Каракачанов.

Повеќе би рекол дека суштината на списокот на Каракачанов е да бидат нападнати или ако може и елиминирани противниците на Христијан Мицкоски внатре во Белата палата или тие кои сакаат да влезат во Белата палата. Меѓу нападнатите, од списокот на Красимир, има луѓе од најголема, да не речеме огромна доверба на Груевски, а кои се надеваа дека баш со помош на Груевски ќе можат да го заменат или да го сменат Мицкоски.

И што е уште почудно списокот на Каракачанов доаѓа во период кога се погласно се зборува дека е можно Груевски да се сврти против Мицкоски.

Сега засега толку. Се гледаме во недела во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×