Гатузо во конфликт со Елмас : „Немојте да јадете надвор “



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, ги советувал играчите на Наполи да не јадат надвор додека трае пандемијата со коронавирусот.

Италијанските медиуми велат дека стратегот на наполитанците се плаши од можноста да загуби нови играчи, откако тоа претходно му се случи со нашиот репрезентативец Ељиф Елмас и Пјотр Зиелински.

Така, популарниот Рино побарал од играчите да бидат максимално претпазливи. Елмас и соиграчите добиле препорака од тренерот да не одат да јадат надвор низ рестораните, а истовремено да држат повеќе од безбедна дистанца доколку го напуштаат својот дом. Исто така стратегот советувал дека не е безбедно да бидат близу непознати лица и навивачи.

Наполи веќе загуби еден натпревар службено во Серија А поради коронавирусот и тоа големото дерби со Јувентус.