Во храната ми ставаа лек кој им се дава на најтешките психијатриски пациенти



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Претседателот на српските радикали, Воислав Шешељ го обвини Хашкиот трибунал за негово труење, но потсети дека тие имале непрофесионалниот однос и кон останатите во Хашкиот трибунал.

Кога стигнав во Хаг, имав висок крвен притисок, што го одржував со вообичаениот лек. Имав астма, која ја решавав со пумпа. Почнав да спортувам таму, да кревам тегови, да пешачам и да играм фудбал. Здравствено се чувствував одлично, а потоа, откако започна судењето, се чини дека тие ставија нешто во мојата храна, вели Шешељ и додава:

По еден оброк, забележав дека нешто не е во ред. Чувствував срцева слабост додека игравме фудбал. Морав да седнам. Им дадов примерок од храната за испитување, а потоа тие најдоа некој тежок тоник во крвта на Милан Лукиќ, кој јадеше заедно со мене. Тој тоник им се дава на најтешките психијатриски пациенти, за да им се дигне општиот тонис на организмот. Тоа го најдоа во неговата крв, а јас побарав и мене да ме испитаат, но додека пристигнаа тие помина многу време. Не најдоа ништо, но чекаа тоа да помине, рече водачот на српските радикали и потсети дека чекал една година за преглед на дебело црево, откако забележал крв во столицата.

Шешељ исто така потсети дека поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ починал во Хаг, и дека во неговата крв е пронајден лек против лепра, што го поништува дејството на лекот за намалување на крвниот притисок.

Синот на Ратко Младиќ, Дарко, вели дека целта на Хаг била да го осуди генералот и да ја прикрие неговата здравствена состојба, бидејќи тој не бил способен да му се суди.

Ситуацијата со Ратко е таква што реално беа направени огромен број пропусти во неговото лечење, што го утврдија нашите лекари, но и меѓународниот тим на лекари, рече синот на Ратко Младиќ во утринската програма на ТВ Хепи.