Во Кратово ќе се одбележи Европската недела на мобилност



ИЗВОР: КАНАЛ 5

-Во 12 часот на плоштадот „Маршал Тито” ги очекуваме сите љубители на велосипедизам, од каде официјално ќе отпочне возењето во градот, заедно со полициски службеници. Настанот има за цел промоција на користење алтернативни форми на мобилност, пешачење и велосипедизам, со што ќе се придонесе кон промоција и на здрави животни навики, чиста животна средина и по безбеден сообраќај, информираат од општина Кратово.

Настанот е дел од кампањата за одбележување на Европската недела на мобилност 2020, која се реализира под мотото „Иднината на одржливата мобилност е во твои раце- вози велосипед”.

-Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата предивидува велосипедистите кои учествуваат во сообраќајот да носат заштитен шлем, односно кацига, но законот пак не предвидува никаква санкција доколку велосипедистот не користи заштитен шлем односно кацига. Одлуката дали ќе користи кацига или не, ја носи самиот велосипедист. Вакви информации и практични совети зошто е добро велосипедистите да носат соодветна опрема, пред се заштитна кацига и како правилно истата да ја користат денес ќе им бидат пренесени на децатата и велосипедистите, учесници во одбележување на Европската недела на моболност 2020 Кратово, посочуваат од општината./МИА

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×