Вилата на Цеца на Дедиње, мермер, кристали, скапи слики, во овој луксуз таа вложи многу пари (видео)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Животот на најголема балканска фолк ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиното семејство секогаш биле во центарот на вниманието, а луксузот во кој живеат го откриваат со фотографии кои ги споделуваат на социјалните мрежи.
Вратата на луксузната вила на Дедиње за медиумите никогаш не била отворена, но фановите на пеачката секогаш имале желба да ја видат нејзината внатрешност. Како што Цеца еднаш изјави, дури и понудиле нејзината куќа да стане туристичко место, но таа на тоа никогаш не се согласила.

Тие никогаш не се фалеле со луксузот во кој уживаат, но секогаш се грижеле нивниот дом да блеска.
Нивната вила има неколку ката, мермерни скалила, украсна бакарна ограда и големи мермерни столбови.
Пејачката секогаш се грижеше за деталите, па украсените свеќи, рамки и други работи беа избрани со голем стил.

Вредни уметнички дела ги красат sидовите на нивната вила.
Она што може да се забележи на фотографиите се богатите, долги завеси украсени со драперии.
Нивниот дом е светол и со многу квалитетен мебел.

Ќерката на Цеца, Анастасија често покажува дел од нејзините омилени катчиња.
Пред неколку месеци го реновираа својот дом, па направија базен внатре во куќата, и изгледа како да сте во најлуксузниот хотел. Ражнатовиќ веќе долго време работи на украсување на својот дом, а сега може да ужива во голем базен, сауна, простор за масажа. Цеца го поминува најголемиот дел од времето таму, па сакаше да создаде оаза на мирот за себе.

Навигација на напис