ВИДЕО Насилни протести во Брисел по смртта на тинејџер со африканско потекло


Демонстранти во Брисел го запалија влезот на полициска станица и полициско возило за време на протестот поради смртта на тинејџер од африканско потекло, кој почина откако беше приведен од полицијата.

Стотици граѓани се собраа пред полициската станица во близина на железничката станица на северот на Брисел, во знак на протест против смртта на 23-годишниот Ибрахим Бари.

– Advertisements –

За време на протестот се слушаа паролите „Животот на црнците е важен“, „Правда за Ибрахим“, „Полициски убијци“, по што демонстрантите потоа почнаа да фрлаат камења кон полициската станица, а припадниците на безбедносните сили одговорија со употреба на водени топови.

Демонстрантите подоцна запалија влез во полициска станица и полициски автомобил, додека прозорците на бројните полициски автомобили беа скршени.

Во меѓувреме, демонстрантите со камења го погодија и возилото на белгискиот крал Филип, што се случи да помине низ зоната каде траеја протестите.

Неколкумина демонстранти беа повредени при полициската интервенција.

Инаку, полицијата го уапси тинејџерот Бари со образложение дека не ги почитувал мерките преземени во борбата против коронавирусот.

Бери, кој беше уапсен и однесен во полициската станица, изгубил свест еден час подоцна и почина во болницата каде бил префрлен.

The public is asking for the account from the killers!
REVOLT!#Bruxelles #Brussels pic.twitter.com/Oeo6b6Uc2g

— Socialist Student Movement – International (@SocialistMov) January 13, 2021

ИЗВОР. ФОКУС