Битиќи: Ќе покриеме дел од загубите на угостителите од овие две недели


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи тврди дека ќе има државната помош за секторот за гастрономија. Тој на Алсат М рече дека Владата ја прави последната анализа на моделот што ќе го примени и ги собира најновите податоци за прометот на компаниите од областа на гастрономијата, кои се засегнати од неодамнешните анти-ковид мерки на Владата.

-Ќе покриеме дел од изгубените приходи во овие две недели, од гастрономските капацитети. Ние правиме последни пресметки за тоа колкав ќе биде процентот на покриеност на загубата на приходот. Но, ова се случува за прв пат, модел што го применуваме, но сметаме дека тоа е модел што навистина ќе помогне малку во загубата што ќе ја имаат. Ќе ја споделиме загубата и со работодавачите и со нас како држава, сметаме дека ова е малку поправеден модел во даден момент – рече Битиќи.

ИЗВОР. ФОКУС