Бектеши: Македонските новинари да научат албански



ИЗВОР: АЛФА

Министерот за економија Крешник Бектеши им сугерираше на македонските новинари да научат албански. На прашањето зошто ја започнал прес конференцијата на албански јазик рече дека тоа не е првпат и дека со новинарите говорел на македонски од почит кон најголемата етничка заедница. Тој вели дека јазикот е важен за да се разберат луѓето, а албанскиот бил службен јазик.

Инаку секоја прес конференција на министрите Албанци започнува на албански јазик, па потоа продолжуваат да зборуваат на македонски. Не е тајна дека дел од нив не знаат да говорат македонски. На пример, министерот за животна средина Насер Нуредини изјавите ги дава најчесто на англиски јазик, кој совршено го владее, додека македонскиот го проговори првпат пред новинарите пред неколку дена по година и три месеци колку што е министер.

Инаку новинарите не ретко имаат проблем со албанските функционери. Понекогаш кога одговараат на прашања на албански новинари, одговараат само на албански, па другите новинари се принудени да бараат превод на македонски. Во неколку наврати се случило на состаноци со колеги од Албанија и Косово, пресовите на директорите Албанци да поминат со говор исклучиво на албански јазик, без притоа да се обезбеди превод на македонски. Често преводот е толку лош, што информациите едвај стигнуваат до јавноста во вистинската форма.

Тања Попова

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×