ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
Македонскиот бисер Елиф Елмас дојде како бомбастично засилување во Наполи во летото 2019 година за 16 милиони евра плус бонуси од турски Фенербахче и како влог за иднината на наполитанците, но без оглед на низа блесоци, медиумите под Везув веќе почнаа да го поставуваат прашањето дали македонскиот репрезентативец е погодок или утка на клубот.
Аделио Моро е поранешен фудбалер на миланските великани Интер и Милан, а сега е скаут на „нераѕурите“, кој за италијанските медиуми откри дека цела една година го следел Елмас додека македонскиот репрезентативец беше дел од Фенербахче.
„Многу добро го знам Елиф, цела една година го следев и тоа многу внимателно додека играше за Фенербахче. Можам да ви кажам дека тоа момче е многу флексибилен фудбалер, кој може да покрие многу позиции и можам да ви признаам дека бев воодушевен како скаут на Интер од неговите настапи. Млад фудбалер, кој има голем потенцијал. Дури во Турција видов дека може да игра и како напаѓач, иако мислам дека далеку е подобар на други позиции. Затоа сега не ми е јасно зошто во Наполи е некако во втор план“, вели Моро.
извор : https://sport1.mk/