Андоновска со порака до граѓаните: Не сте сами, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде рамо до рамо со секој еден граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт



ИЗВОР: АЛФА

Од Министерството за правда, ВМРО-ДПМНЕ ќе го започне денешниот протест против неправдите, политичкиот реваншизам и политичкото насилство од страна на власта, вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното вклучување во централниот дневник на ТВ Алфа.

Андоновска, посочи дека Македонија е држава во која невини луѓе лежат во затвор, додека државата секојдневно ја тресат скандали со криминал и корупција од страна на власта.

Македонија е држава во која што невини лежат во затвори, страдаат нивните семејства а од друга страна секојдневно сме сведоци на скандали кои што ја тресат власта, за криминал, корупција, бизнис зделки, рекет и слично за кое што обвинителството и судството молчат. Молчат и работата по диктат директно на Зоран Заев. Тие се само едно копче на далечинскиот управувач кој што е во рацете на Зоран Заев и кој што го употребува единствено само кога сака да прикрие некој криминал, негови или не неговите блиски, рече Андоновска.

Во Македонија секојдневно сме сведоци на невиден притисок врз медиумите и нивните сопственици. Се судат, се напаѓаат, крвнички се тепаат новинари, сите оние кои мислат поинаку или ја критикуваат оваа власт. Во Македонија се судат и мајки на малолетни деца за набавка  на автомобил во кој што и ден денеска се вози Зоран Заев, а од друга страна никој не одговора и се молчи за набавката од страна на власта од 8 милиони евра, изјави таа.

Андоновски, порача дека нема да  луѓето трпат огромни притисоци, додавајќи дека ова мора веднаш да престане, односно како што рече таа ВМРО-ДПМНЕ нема да отстапи и ќе се бори заедно со граѓаните.

Луѓето трпат огромни и невидени притисоци на нивните работни места, се распределуваат, дури и се отпуштаат од работа само поради тоа што мислат поинаку од власта и ја искритикувале во некој нивни коментар на социјалните мрежи. Заради сето ова, заради сите овие неправди, заради целиот овој реваншизам сме денеска на овој протест. Доста е ова мора да престане, веднаш и сега. Нема да отстапиме и ќе се бориме заедно со граѓаните, вели Андоновска.

Андоновска е децидна дека правото мора да важи еднакво за сите, укажувајќи дека мора да се негуваат европските принципи кои се засноваат на слобода, демократија и правда.

Ние сме одлучни да ја истераме правдата до крај. Силно веруваме дека ќе успееме заедно со граѓаните да се справиме со овие неправди, против овој реваншизам кој што го трпиме и против селективната правда. Ќе ги негуваме европските принципи, а тоа е слобода, демократија и правда која што е еднаква за сите.

Андоновска, упати јасна порака до граѓаните, апелирајќи до нив да издржат пред неправдите, бидејќи како што рече ВМРО-ДПМНЕ е со секој еден граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт.

Сакам да им се обратам на граѓаните со една јасна и недвосмислена порака, не сте сами, издржите, заедно ќе се избориме, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде рамо до рамо до секој оној граѓанин кој што е засегнат и обесправен од оваа мафијашка власт, порача Андоновска во вечерашното гостување во дневникот.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×