Албанија на кондом, Италија на чизма, а како помина Македонија?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Јутјуберот Закабер објави видео на својот канал во кое илустрираше на што го потсетуваат европските држави. Во видеото на Јутјуб тој ги наведе сите земји на ЕУ, дури и оние што не се членки.
Убавото видео, започна со прашањето, дали гледате што гледам јас во Европа? Во видеото, тој ги праша луѓето дали некогаш легнале на тревата, гледајќи во правец на небото и замислувајќи на што точно го потсетува облакот.
Неверојатно е како облиците на облаците не потсетуваат на нешто или на животно, исто е и со границите направени од државите, рече тој во видеото.

Потоа одлучи да покаже на што сето тоа го потсетува, обликот на границите на државите во Европа.
Првата земја со која започна беше Албанија, која за чудо го потсетува на кондом. После тоа, Ерменија беше на списоко, а таа го потсетува на ајкула, а Австрија го поврзува со дебел полжав.
Азербејџан помина подобро, тој во видеото на јутјуб го поврзува обликот на границите на оваа земја со рајска птица, Белгија со човек што се моли и Босна со ракета.
И додека Хрватска традиционално ги потсетува луѓето на кифла, а оние што се пооптимисти на гулаб во лет, се чини дека Играта на престолите ја смени таа перцепција, па Хрватска сега има форма на змеј. Србија го потсетува на диносаурус, додека само Косово го поврзува со форма на дух.

За Македонија се зборува на 9-та минута од видеото и ние не поминавме така лошо, не нарекува Македонија и го потсетуваме на карфиол.

Навигација на напис