Актерот Арнолд Шварценегер беше итно пренесен во болница, по што се огласи на Инстаграм! (ФОТО)



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Актерот Арнолд Шварценегер (73) беше подложен на итна операција, по што се огласи на социјалните мрежи.

Познатиот силен човек направи операција на срцева артерија, што помина добро.

Актерот објави фотографија од болничкиот кревет, а во најавата се заблагодари на клиниката во Кливленд каде што беше опериран.

Тој веќе е во добра форма, па објави неколку фотографии од прошетката, со што даде до знаење дека сè е во најдобар ред.

„Се чувствувам одлично и веќе шетав по улиците на Кливленд и уживав во одличните статуи. Благодарност до секој лекар и секоја медицинска сестра во тимот!“, напиша Шварценегер.