Агатенгел: Власта не може да го сокрие фактот дека Гоце Делчев е Македонец



ИЗВОР: АЛФА

Во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“, Митрополит г. Агатангел посочи дека оваа власт не може да го сокрие фактот дека Гоце Делчев е Македонец.

-1894 година Гоце Делчев е учител во Штип, на крајот од годината е поставен на истото училиште и директор, а 1895 за првпат се организира демонстрации против власта. Што значи Гоце Делчев во Штип учел деца Македончиња, бил директор на деца Македончиња, на учители Македонци, духот бил македонски. И зошто тој тогаш ги формирал тие демонстрации, ги организирал тие демонстрации против власта? За да го окуражи народот, да му каже на народот да не се плаши, да си го брани она неговото вистинското македонското, националното, нагласи г. Агатангел.

Агатангел рече дека Делчев е апостол на вистината, апостол на љубовта, апостол на правдата. Апостол Гоце во тој период го осветлува образот на Македонците и говори за вистината и правдата на секој Македонец.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×