ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР
Познатиот бразилски фудбалер Робињо доби потврда за затворска казна од девет години поради силување на девојка со албанско потекло, во Милано 2013 година.
Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Манчестер Сити и Милан, бил пријавен уште во 2013 година за силување, но неговата фудбалска кариера го отежнуваше судењето.
Инаку, тој играше во различни држави, не бил апсен досега, но исто така не се појавувал ниту на закажаните рочишта во судот.
Во меѓувреме миланскиот суд донесе пресуда во негово отсуство, а следела и жалба на второстепената казна кон крајот на минатата година.
