Референдум во Швајцарија за ограничување на бројот на граѓани од ЕУ



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Швајцарците овој викенд ќе гласаат за обновениот предлог за ограничување на бројот на државјани од земјите на ЕУ на кои ќе им биде дозволено да работат и да живеат во нивната земја.

Оваа мерка ја застапува популистичката Народна партија на Швајцарија, која сака граѓаните на земјата да имаат повластен пристап до работни места, социјална заштита и други бенефиции.

Референдумот ќе заврши во недела, а на него ќе се гласа и за некои други прашања.

Швајцарците, меѓу другото, ќе гласаат на референдум за тоа дали ја поддржуваат „иницијативата за ограничување”.

Со усвојувањето на оваа иницијатива се бара властите во Швајцарија и ЕУ да преговараат во рок од 12 месеци, со цел да се склучи договорот за слобода на движење.

Доколку не се постигне договор во тој рок, Швајцарија може еднострано да се повлече од овој договор и да забрани какви било слични договори во иднина.

На сличен референдум во 2014 година, Швајцарците со мало мнозинство гласаа за ограничување на пристапот на граѓаните на ЕУ за работа и живеење во нивната земја, но Парламентот одлучи да не ја усвои иницијативата, главно од страв од силно влијание врз општеството и економијата. 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×