Расчистени 13 кривични дела поврзани со тешки кражби, разбојништва, одземање на возила



ИЗВОР: АЛФА

СВР Струмица – Отсекот за општ криминалитет до Основно јавно обвинителство во Струмица ќе поднесе соодветен поднесок против 13-годишен малолетник од Струмица, поради основано сомнение дека извршил 13 кривични дела тешки кражби, кражби, разбојништва и одземање на моторни возила и велосипеди, извршени во Струмица, Радовиш и во Кочани.

Малолетникот кривичните дела, за кои се обезбедени и материјални докази, ги направил во последните два месеца на територијата на Струмица и населените места во струмичко, во Радовиш и во Кочани. Тој бил повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното Јавно обвинителство. 

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×