Полицајци претепани од дрвокрадци во Велешко, еден од нив со тешки повреди се бори за живот на неврохирургија



ИЗВОР: АЛФА

Полицаец хоспитализиран на клиниката за неврохирургија откако бил нападнат од несовни дрвокрадци во велешко Степанци. Со скршеници на черепот и десната рака синоќа бил примен на Ургентен центар, информираше за Алфа директорот Алберт Леши. Во атарот на село Степанци, во обид да преземат мерки, биле нападнати пет полициски службеници откако забележале бесправна сеча и превоз на дрва. Четворица од напаѓачите се приведени, а идентификувани се и дел од останатите. Од МВР велат дека пронајдено е возилото кое го користеле дрвокрадците.

Полицискиот синдикат најостро го осуди овој настан. Велат нападот на полиција, е напад на држава.

Македонскиот полициски синдикат го известува своето членство и целокупната јавност во нашата држава , во континуитет работи и сериозно се  залага на тоа да се документираат и да се профилираат сите напади врз полициските службеници при вршење на работните задачи – велат од Полициски синдикат.

Од полицискиот синдикат сметаат дека правосудните органи мора да преземат поригорозни мерки за напаѓачите на полициски службеници.

Реагираа  и од Синдикатот на шумарство. Според нив, насилството не е решение, но не е решение ни молкот на релевантните институции за ваквите случаи.

Како Синдикат за шумарство секогаш сме вклучени во осудата на сите оние постапки кои водат кон насилство, кои значат загрозување на безбедноста и животот на нашите вработени – изјави Живко Митревски – претседател на СШДЕ

За овој случај реагираа повеќе грански синдикати. Но од полицискиот ветија дека никогаш нема да дозволат, сторителите да поминат без одговорност, дури и во вакви, изолирани случаи.

Адријана Алексиеска

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×