Ниту странските сили не ни помогнале многу: Заев тврди дека вакцини барал и преку тајни служби на други држави



ИЗВОР: АЛФА

Ниту тајните служби не му помогнаа на Зоран Заев се уште да обезбеди вакцини за масовна вакцинација на македонските граѓани. Премиерот самиот се пофали дека тој и неговите колеги преку сите канали барале вакцини, па дури контактирани биле тајни служби.

-Вртев дури и по тајните служби, имаме пријатели кои што биле дипломати, еве сега се шефови на Ми 6 или слично, да помогнат. Јас, претседателот на државата, министерот за здравство, министерот за надворешни работи, министерот за европски прашања доминантно, но и другите колеги од Владата сме направиле контакти мал милион само да дојдеме до договор до нарачки и час поскоро да дојдат вакцини, изјави Заев.

Но, што засега ни донесоа според премиерот пријателите и тајните служби? Вкупно само 11 илјади вакцини, 8 илјади до Србија и 3 илјади руски. Но, сепак барем на хартија бројката на вакцини што ја имаме е многу поголема.

-Ако ги броите 800-те илјади Фајзер, 833 Ковакс механизамнот, 400 илјади имаме два пати 200 илјади од Кина, 200 илјади нарачано од Русија. Имаме дополнително од Европската унија согласно грантот 70-те милиони евра, донациите кои што конечно ги најавија сите соседи, стигаме до 2 и пол милион, значи сме направиле исчекор повеќе, броеше Заев колку вакцини имала Македонија.

Засега единствени вакцини кои се плод на договор од страна на македонските власти, се оние руските, кои првично немаше да ги купуваме, а како причина покрај НАТО членството, се наведуваше и дека Македонија ќе имала премногу вакцини.

-Тоа што е уплатено или договорено со Кина, тоа што го имаме како понуда со соседите, дел помогнаа, дел се уште понудите се отворени. На крајот може да се доведете во состојба да имате 3 милиони вакцини за еден милион граѓани вакцинација или 2 милиони потребни вакцини. Така да тука се прави одмерувањето, изјави Заев.

Дури била и одбиена понуда за набавка на 2 милиони вакцини.

-Модерна уште на почеток ни кажаа дека најмала количина за која што разговараат е нешто што е навистина многу за нашиот пазар, со оглед на тоа што веќе бевме влезени во Ковакс системот, во преговори со Фајзер. Значи понудија најмалку 2 милиони дози, меѓутоа отворени сме за максимално сите опции, јас верувам дека после месец март многу подостапни ќе бидат сите вакцини, многу полесно ќе одат сите тие разговори, ќе се зголеми достапноста буквално секаде во Европа, изјави Филипче.

Додека ги чекаме вакцините, кои можеби некогаш ќе дојдат, останува да се чуваме од клетви во борба против коронавирусот.

-Донесовме одлука и КЛЕТВА да не ги фаќа,оти па ги колнат многу по ова… Но, само така може да се избориме против ковид кризата, порача Заев.

Матеја Петровски

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×