Да го прекинеме ланецот на ширење на заразата – Фокус


Од она што можев да го видам при посета на пунктовите, сите припадници на полицијата се на терен согласно планот за реализација и контрола на одлуката за забрана на движење, изјави предмалку министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Оваа рестриктивна мерка никој не ја посакува, но е неопходна ако сакаме да го прекинеме ланецот на ширење на ковид 19. Преку почитување на оваа мерка, заеднички ќе придонесеме во наредните 14 дена да се намали ширењето на вирусот и за стабилизација на здравствениот систем – рече Спасовски.

Инаку, од денес до 22 март, во периодот од 22 до 5 часот, движењето е ограничено, откако вчера ваква одлука донесе Владата по предлог од Комисијата за заразни болести.

Ограниченото движење нема да важи на оние граѓани кои имаат потреба од итна медицинска помош, за економските оператори чија работа трае 24 часа, за патниците кои доаѓаат или заминуваат од меѓународните аеродроми, како и за транспортерите на лица и на стока.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×