Грција ги отвара своите граници , но само за србите !?



ИЗВОР: ВО ЦЕНТАР

Српскиот амбасадор во Грција, Душан Спасојевиќ, вели дека Грција е заинтересирана да ја отвори границата за српските туристи и дека не треба да има сомнеж дека ќе стори сé за тоа да се случи.

Тој посочува дека северот на Грција живее од српски туристи и дека е сериозно погоден од одлуката за затворање на границата за српските граѓани во јули минатата година.

„Преговорите траат од средината на јануари. Грција е заинтересирана подолго време, тоа не треба да се доведува во прашање и има добра волја да ја отвори повторно границата за српските туристи”, рече Спасојевиќ.

Тој потсетува дека во моментов во Грција можат да влезат возачи кои се вработени таму, сезонски работници, оние кои имаат живеалиште, сопственици на недвижнини, но и граѓани на Србија кои треба да поминат низ третман.

„Се надевам дека границата ќе се отвори, бидејќи има ефект врз целиот регион“, рече Спасојевиќ, додавајќи дека ситуацијата во Грција денес е малку полоша од претходните денови, бидејќи бројот на нови пациенти е зголемен.

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×