Британскиот сој на коронавирусот предизвикува поголема смртност – Фокус


Нова студија покажува дека британскиот сој на коронавирусот може да биде двојно посмртоносен од другите циркулирачки варијанти на Островот.

Ова покажува како мутациите можат да ги променат карактеристиките на вирусот.

Студијата е објавена во Британскиот медицински журнал и е спроведена од епидемиолози од британските универзитети во Бристол и Ексетер. Откриено е дека видот пронајден во Кент е меѓу 32 отстро и 104 отсто посмртоносен.

Студијата открива дека тој британски сој предизвикал 227 смртни случаи во тест група од 54.906 пациенти, што е споредувано со друга група која вклучувала пациенти со други видови на коронавирус. Во втората група има 141 смртен случај.

Сите учесници се постари од 30 години и се совпаѓаат според возраста, полот, етничката припадност и другите, единствената разлика е во тоа со кој вид се заразиле.

Студијата исто така открила дека вирусното оптоварување се чини дека е поголемо кај британскиот вид, што ја зголемува сериозноста на болеста и го олеснува нејзиното ширење.

Веќе е познато дека варијантата е многу повирулентна од другите соеви.

Минатиот месец, студија на британската влада објави дека вирусот може да биде 70 отсто повеќе смртоносен од другите мутации.

ИЗВОР. ФОКУС

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×