Анализата за високата смртност од Ковид 19 ќе се чека уште две недели



ИЗВОР: АЛФА

Анализата на причините за високата смртност од Ковид19  во Македонија јавноста ќе ја чека уште две недели, велат извори за Алфа од МЗ. Со повеќе од 700- ни починати луѓе од почетокот на епидемијата земјава долг период  е на врвот по процентот на смртност од останатите земји во регионот. Каде потфрли здравствениот систем е прашањето кое го поставува јавноста? Ненавремените реакции на здравствените власти и неснаоѓањето во компликуваната ситуација секако се причини од кои не може да се бега, но затоа инфектологот д-р Патриција Каламарас за Алфа вели дека главниот проблем за лошите корона статистики е задоцнетото јавување на лекар од страна на пациентите.

“За жал ние инфектолозите алармиравме често…околу забавите кои што почнаа неконтролирано да се организираат и семејните прослави каде што немаше мерки на претпазливост. Нашата прогноза уште тогаш беше дека ќе се судриме со ваков наплив на бран за жал на многу млади луѓе. Кој што се почесто доаѓаат. Болеста кај некој поминува полесно…кај некој завршува лошо.” –  велид-р Патриција Каламарас – инфектолог во ГОБ „8 Септември“ и консултант во Аџибадем Систина.

Сезонскиот грип, настинките во комбинација со корона вирусот ги плаши лекарите.

Тоа сите нас не плаши и тоа за прв пат…на светско ниво ќе се сретнеме во нови услови кога ќе имаме и сезонски грип. А воедно може да се инфицира пациентот во исто време и со Ковид19.Не знаеме како и што ќе биде и каков ќе биде исходот кај тие пациенти веројатно ќе имаме потешки форми.изјави д-р Патриција Каламарас  – инфектолог.

Д-р Каламарас апелира граѓаните масовно да  се вакцинираат против сезонски грип и дека тоа ќе го олесни соочувањето со корона вирусот.

Инаку, за сега ќе остане запаметен 2 јули, кога во Македонија беше регистриран највисокиот број на починати, односно имавме 15 смртни случаи од Ковид-19. Процентот на смртност во моментов изнесува 4,14 отсто.

Ања Василева

Adblocker detected! Please consider reading this notice.

We've detected that you are using AdBlock Plus or some other adblocking software which is preventing the page from fully loading.

We don't have any banner, Flash, animation, obnoxious sound, or popup ad. We do not implement these annoying types of ads!

We need money to operate the site, and almost all of it comes from our online advertising.

Please add tvstanici.net to your ad blocking whitelist or disable your adblocking software.

×