Автомобил удрил во велосипед во гостиварско, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди



ИЗВОР: АЛФА

На 25.09.2020 во 10.50 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, во с.Зубовце, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „фиат“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(52) од с.Врбјани, удрило во велосипед, управуван од Д.Ј.(18) од с.Галате. По незгодата, Д.Ј. била пренесена во Медицински центар Гостивар, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициската станица Гостивар.